Бочварски се сретна со унгарскиот амбасадор Дукс

Од:

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски денеска се сретна со унгарскиот амбасадор Ласло Иштван Дукс. На средбата се разговараше за економската соработка меѓу двете земји.

– Разговаравме за потенцијални унгарски инвестиции, коишто може да ги има во Општина Штип, бидејќи Унгарија во претходните години постојано ја зголемува трговската размена и инвестициите во Република Македонија. Ние сме отворени и сакаме да соработуваме со секој странски партнер, земја којашто ќе дојде, ќе инвестира средства и ќе отвори нови работни места со пристојни плати во Република Македонија, рече Бочварски.

Тој додаде дека го запознал амбасадорот со политичката состојба во Македонија, а разговарале и за воспоставувањето нови демократски принципи во Македонија.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена