Бочварски се сретна со амбасадорот на Словенија Милан Јазбец

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец. На средбата градоначалникот Бочварски и амбасадорот Јазбец разговараа за продлабочување на веќепостоечката соработка помеѓу двете пријателски земји, со акцент на соработка којашто ја вклучува Општина Штип.

„Со амбасадорот Јазбец дискутиравма за конкретни прашања во делот на економската соработка. Јас се заблагодарив за грантот којшто Општина Штип го има добиено за надградба на филтер станица во Штип, но и за експертите од Словенија кои ќе доаѓаат во периодов што доаѓа. Можеме да научиме многу од Република Словенија и затоа нашата соработка ќе ја продлабочуваме. Амбасадорот на Република Словенија ќе биде поканет на отворањето на спомен собата на нашиот прв претседател Киро Глигоров“, информираше градоначалникот Бочварски.

Словенечкиот амбасадор Јазбец ги повтори заложбите за продлабочување на македонско-словенечката соработка во секој аспект, што е и одраз на долгогодишното македонско-словенечко пријателство.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена