Бочварски: Приоритет е изградба на детски градинки, чисти и загреани училишта

Од:

Граѓаните ќе ги вклучиме во креирање на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта, ќе воведеме строго наменско, транспарентно, домаќинско и одговорно користење на буџетските средства, преку редовно известување за сработеното, рече на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски.

Тој најави и неколку проекти, со кои, како што вели значително ќе се подобри животот на граѓаните во Штип.

– Приоритет е изградба на детски градинки, чисти и загреани училишта. Преку воведување на гасификацијата ќе ги намалиме трошоците на институциите, со што повеќе пари ќе останат кај граѓаните. Воведуваме мобилни канцеларии кои ќе нудат услиги на граѓаните. Планираме да отвориме подрачано дисперзирано одделение на општината во населбата „Сењак“, вели Бочварски.

Тој на денешната прес-конференција истакна дека во изборната програма е предвидено и изградба на детски градинки во населбите Сењак и Стар Караорман. Во наредните четири години доколку Бочварски ја освои довербата на своите сограѓани вети и нови термозиолациски фасади и соларни панели на сите детски градинки, потоа поддршка и помош за најзагрозените семејства и за лицата со посебни потреби

– Ќе формираме одделение во општината кое ќе врши посета на пензионерите и лицата кои се сами и неможат да ги извршуваат обврските како купување лекови, плаќање на сметки. Бесплатен престој на децата на самохрани родители во детските градинки. Бесплатна настава по англиски јазик во детските градинки, вели Бочварски.

Тој потенцираше дека транспарентноста на општината ќе биде негов приоритет, а вети и признавање и препознавање на сите петиции, претставки, референдуми и други граѓански иницијативи.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ