Бочварски: Општините да ги решаваат проблемите со дивоградбите

Од:

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски апелира до сите градоначалници да спроведат постапки за избор на фирми што ќе ги урнат дивоградбите во општините врз основа на донесени решенија. Само со почитување на законите, порача денеска Бочварски, ќе се привлечат инвестиции и ќе се овозможи развој на државата.

Бочварски, во одговор на новинарско прашање дали вчерашнот пример со уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровска во Скопје ќе стане пракса и во останатите општини рече дека општините треба да си ги преземат своите одговорности и да ги решаваат овие проблеми.

-Ваквиот тип објекти од втора категорија се под директна надлежност на локалната самоуправа и локалните власти. Апелирам до сите локални самоуправи и до сите градоначалници да си ги спроведат постапките за избор на фирми коишто ќе вршат ваков тип на извршување после завршени постапки и после инспекциски надзор со донесено решение за уривање на одреден нелегален објект. Во таков случај општините треба да си ги преземат своите одговорности и да ги решават овие проблеми, бидејќи тие се на локалната самоуправа, изјави Бочварски.

За случајот со Мавровка, појасни постапил инспектор и има донесено решение, општината во неколку наврати добро познати на јавноста се обиде да најде фирма што ќе го изврши отстранувањето на овој објект. Од страна на инспекторот беше побарано и од самиот инвеститор на објектот првично да го отстрани, а доколку не го отстрани тогаш се пристапува кон извршување од страна на општината. Не се случи ниту првото, ниту второто, и токму поради тоа преку препорака од Владата до Управниот одбор на Македонија пат се донесе решение за соработка помеѓу Македонија пат и Општина Чаир со цел да и се помогне на општината и да и се излезе во пресрет, прецизира Бочварски

Тој потенцираше дека досега општините не побарале ваква поддршка од Владата, но оти е важно сите такви состојби да се надминуваат затоа што, како што рече, градоначалниците имаат сериозни овластувања и треба да ги спроведуваат.

-Се работи за правда, за правичност и овде мора да биде бескурполозни заради тоа што само вака ќе продолжиме со развој на економијата, индустријата и ќе привлечеме инвеститори. Со правна држава и почитување на законите и регулативата ќе придонесеме за побрз и посилен развој на државата. Верувам дека државните органи, секако локалните институции и секоја институција што има надлежност ќе постапува согласно надлежностите за да не ни се случуват вакви слични состојби, порача Бочварски.

Прашан што во случај ако не реагира општината и не може да избере фирма што би постапувала за извршување министерот повтори дека треба да се направи се за што граѓаните дале поддршка и одговорност на градоначалниците, министрите, пратениците, инспекторите.

-Треба да работиме, имаме свои овластувања и треба да направиме се за тие да се реализираат, рече Бочварски.

Дивоградбата кај „Мавровска“ се урива од вчера со градежна механизацијата на ЈП за одржување на патишта, по претходна препорака од Владата откако на тендерот што го распиша општината Чаир за уривање на објектот немаше пријавени компании.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое во текот на јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330 квадратни метри пред трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган. Според обвинителството, постои основано сомнение дека инвеститорот сторил кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​.

Би можело да ве интересира

Бочварски: Добриот и стабилен енергетски систем важен за инвеститорите

Ана Ололовска

Бочварски: Со новиот ребаланс на Буџетот нема да се кратат средства од Министерството за транспорт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бочварски и Китанов на увид во изградбата на експресниот пат Штип-Радовиш

Ана Ололовска

Министерот Бочварски се сретна со Комората на овластени архитекти и инженери

Ана Ололовска

Бочварски: Не се кратат пари за железницата, проектите продолжуваат

Ана Ололовска

Богдановиќ: Одвоени се над 13 милиони денари за ново уривање на дивоградби

Ана Ололовска