Бочварски: Неважечките ливчиња одлучија да одиме во втор круг

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, Благој Бочварски на денешната прес-конференција истакна дека граѓаните вчера со своите гласови покажале дека доаѓа нов живот за Македонија.

Тој прес-конференција ја одржа заедно со новите 12 советници од листата на СДСМ и коалициските партнери во Советот на општина Штип.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вчера го освои Советот на општина Штип со 12 спрема 11 советници за ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа се покажува дека граѓаните на општина Штип веќе избраа нова општинска администрација во нашиот град. Што се однесува за листата на градоначалници резултатот беше целосно изедначен и неизвесен, но и неважечките ливчиња одлучија да одиме на втор круг на овие локални избори, рече Бочварски.

Прашан каква кампања ќе има во Штип за вториот круг на локалните избори, Бочварски истакна дека како и во првиот круг ќе се борат за секој глас и ќе продолжат со кампањата во која ќе имаат разговори со граѓаните.

Во општина Штип официјалните резултати на Општинската изборна комисија се: за кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Илчо Захариев гласале 13.966, а за кандидатот на СДСМ, Благој Бочварски 13.930 граѓани. Разликата меѓу Захариев и Бочварски е 36 гласа. Осумдесетте избирачки одбори имаат изброено 1.141 неважечки ливчиња за градоначалник, а за листите на советници има 1.433 неважечки гласачки ливчиња.

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори