Бочварски: Недостасуваат пари за плата и во штипското ЈП „Стипион“

Од:

Недоставуваат околу 1.200.000 денари на сметката на штипското претпријатие „Стипион“ за вработените кои работат на одржување на улиците и на наплатата на паркинг просторот да си ја земат редовната плата, информираше на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски.

Овие пари, како што рече, треба да се обезбедат од општинската каса. Откако вчера објави дека недостасуваат околу четири милиони денари за плата за вработените во општинската администрација и во комуналното претпријатие „Исар“ денеска оваа сума се зголемува за дополнителни 1.200.000 денари.

– Што значи на сметката недостасуваат околу еден милион денари да се исплати плата за Општина Штип, 1.200.000 денари за ЈП „Стипион“. Тоа се веќе 2.200.000 денари. Што се однесува за ЈП „Исар“ по вториот изборен круг таму недостасуваа сите пари јас би рекол, а таму платата е некаде околу девет милиони денари. Во овој момент на сметката на „Исар“ за да се исплати плата фалат уште три милиони денари. Така што во овој момент на Општина Штип и се потребни 5.200.000 денари за да двете јавни претпријатија и општината си ја земат заслужената платата, рече Бочварски.

Тој истакна дека ќе се истражува за кои проекти на една штипска градежна фирма се исплатени над еден милион денари во вакум периодот од два дена, кога претходниот градоначалник си замина од оваа функција, до моментот, кога Бочварски ја презема и го добива уверението за четири годишен мандат. Бочварски истакна дека веќе се прават напори за да над 700 вработени кои се под ингеренции на локалната власт си ги добијат своите плати.

– Денеска, а и во текот на утрешниот ден ќе ги направам сите напори овие средства кои што недостасуваат кон двете јавни претпријатија и на сметката на Општина Штип да се обезбедат најбрзо што е можно. Ако треба една од варијантите е да се повлече и кредит за вработените да не трпат, а ова што ни се служува е поради неодговорното, некоректното, несовесното однесување на Илчо Захариев и претходната локална власт, вели Бочварски.

Во текот на наредните денови ќе се донесе одлуката како ќе се обезбедат парите за исплата на плата на вработените во штипската локална власт, кои имаат свои редовни обврски но и кредити за плаќање.

Би можело да ве интересира

Штипско културно лето започнува на 24 јуни

А1он

Утре ќе биде изменет сообраќајниот режим на експресниот пат Штип – Кочани

(ВИДЕО) Детали за убиството во Штип: Убиецот ја викнал жртвата за да се смират, пиштолот го купил во Скопје

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

Почина студентот од Турција кој беше застрелан синоќа во кафуле во Штип

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се трага по напаѓачот од штипското кафуле кој и побегна на полицијата кај Миладиновци

Катерина Ѓуровски