Бочварски: Не се очекува транспортерите да имаат застои и проблеми, функционираат „зелените“ рути

Од:

Транспортерите не се очекува да имаат проблеми во транспортот на стоки наредниот период, рече денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Одговорајќи на новинарско прашање за проблемите на транспортерите откако државава е симната од листата на безбедни земји за патување, Бочварски истакна дека досега успешно функционирале „зелените“ рути.

Според министерот, регионот одлично соработува, а владината одлука донесена на барање на здруженијата на транспортерите, да не се подложни на тестирања и карантини при влез во земјава и да не се третираат како другите граѓани, им помогнала на транспортерите. Тоа фунционира, дополни Бочварски, и во другите земји.

-Транспортерите транзитираат непречено. На седницата на Владата во вторникот донесовме мерки за олеснување на транспортерите, посебно на возачите кои се изземени од протоколите на влезо во државава, тоа е за домашните транспортери, но и за странските кои транзитираат. Правиме напори и преку зелените рути и коридори. Во целиот изминат период успеавме успешно да се справиме со овој аспект, зашто тие транспортери и транспортот на стока, на лекови и на храна, се одвиваше непречено и тие мораа да стигнат навреме таму каде се упатиле. Јас сум задоволен од досегашната соработка со целиот регион, зелените рути и тоа како профункционираа и верувам дека ќе продолжат со истото темпо, така што, во овој момент не очекувам дека транспортерите ќе имаат каков било застој или проблеми зашто, тие во најголем дел од земјите се изземени од најголем број пртоколи кои се за граѓаните, изјави Бочварски.

Како што објасни, Владата веќе ја донесе мерката што ја побараа здруженијата на превозниците и на транспортерите, да се изземат од протоколот сите домашни превозници и транспортери кои се враќаат во државава, да не се обврзани на ПЦР или брз тест на границите, ниту да бидат во карантин седум дена, бидејќи се изолирани во своите возила.

-Тоа како мерка го преземаат и другите земји, а го презедовме и ние. Драго ми е што на задоволство на здруженијата е големо олеснување што овозможува транспортот да се одвива непречено. Сите држави носат свои мерки за заштита на своите граѓани, на своите територии, така и ние носиме мерки. Според тоа што го знам, во Регионот транспортерите имаат навистина поинаков третман, бидејќи тие се, и тоа како, битни за прехрана на населението, за доставување лекјови, вакцини. Досега немавме проблеми, и таму каде се појавуваа, досега ги отстранувавме, верувам и понатаму нема да има застои и проблеми, рече министерот по увидот во работите на втората фаза од експресниот пат Градско – Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Бочварски: ДПМНЕ ветуваше намалување на буџетскиот дефицит под 3%, сега го зголемуваат на 4.9%

Горан Наумовски

Транспорт и врски ќе го раковди Реџепи, Бочварски се повлече поради пратеничкиот мандат

Бочварски: Обезбедуваме брза лента за издавање на патни документи за професионалните возачи

Бочварски го потпиша договорот за имплементација на БРТ во Скопје

Бочварски на средба со Светска банка, разговарано за инфраструктурните проекти што се реализираат со поддршка од СБ

Бочварски: Oдлуката за автопатот Кичево-Охрид“ ќе биде според стручна анализа