Бочварски: Македонија со најмалку инвестиции во патишта во регионот, нема развој со криминална власт

Од:

СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13 отсто од планираните инвестиции во инфраструктурата и оти се вложени само 27 милиони евра.

Благој Бочварски, претседател на Комисија за транспорт и врски и член на ИО на СДСМ вели дека дополнително со ребалансот на Буџетот, власта ги намалила средствата за капитални инвестиции за дури 45 милиони евра.

Како последица на погрешните политики, според него, Македонија има најлоша инфраструктура и катастрофални, небезбедни патишта во целиот регион.

-Оваа година ќе изостанат инфраструктурните проекти, како и во изминатите 10 години.

Нема развој на државата со криминална власт. На Македонија и се неопходни промени.

Во првиот квартал од оваа година, реализирани се само само 13% од планираните инвестиции во инфраструктурата. Вложени се незначителни 27 милиони евра.

Дополнително, со ребалансот на буџетот власта во заминување ги намали средстватаза капитални инвестиции за дури 45 милиони евра.

„Македонија пат“ работи со огромни загуби,само на УЈП и должи околу 7 милиони евра.

Пустош остава разулавената власт на ВМРО-ДПМНЕзад себе.

613f2155-dab2-4713-96a2-4185b682cbaf

На криминален начин се потрошија 630 милиони евра за споменици, а 75% од средствата за проектите за реконструкција и одржување на патиштата се преку заеми и кредити.

Значи, власта ги задолжува граѓаните и идните генерации. За ВМРО-ДПМНЕ приоритет се провизиите и зделките, а не интересите на граѓаните.

Уште еден срамен податок ги потврдува погрешните политики што доведоа дотоа патиштата во Македонија да бидат во најлоша состојба од земјите во регионот.

За тековно и зимско одржување на патиштата, Македонија моментално издвојува најмалку од целиот регион, само 3.300 евра по километар.

Соседна Србија идзвојува три пати повеќе, околу 9.000 евра по километар. Босна и Херцеговина 7.800 евра по километар.

Дури и најмладата државата на Балканот, Косово издвојува повеќе од Македонија за одржување на патиштата.

За одржување на мостовите во земјавасе издвојуваат само 16.000 евра годишно.

Како последица на овие погрешни, криминални политики на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија има најлоша инфраструктура и катастрофални, небезбедни патишта во целиот регион.

Според Светска Банка, Македонија се наоѓа на 78 место од 100 земји по квалитетна патна инфраструктура, позади Азербејџан, Виетнам, Гватемала.

После 10 години власт на Никола Груевски, само 2 %од патиштата во Македонија се безбедни и добри, а 39 % лоши и небезбедни, според Европската унија.

По демократските промени, новата, одговорна Влада предводена од СДСМ целосно ќе ги укине непродуктивните трошења. Парите ќе ги насочиме кон развој на економијата и инфраструктурата, наместо во непотребни споменици, галии и тркала, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски