Бочварски изврши увид во инфраструктурното уредување на краци од улици во Стар Караорман

Од:

Денеска се градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во инфраструктурно уредување на краци од улици во населбата Стар Караорман. Станува збор за конечно инфраструктурно уредување и понуда на вистински квалитетна патна инфраструктура на нашите сограѓани од овој дел од градот, проект којшто се одвива во две фази. Во моментов тече првата фаза, којашто е фокусирана на ископување и тампонирање на улиците, а чијашто реализација чини 620.000 денари. Опфатени се 710 метри должина од улиците, односно 2000 m2.

„Ова е од суштинско значење и приоритет за Општина Штип. Како што ветивме пред граѓаните, ги доведуваме сите населени места, секоја населба во нормална состојба за живот, секој граѓанин да добие пристојни услови. Токму во таа насока, овие денови се тампонираат 710 метри улици во Караорман коишто чинат околу 620.000 денари. Ова е првата фаза, а веднаш потоа имаме апликација до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за обезбедување дополнителни средства за асфалтирање на овие улици и дополнителни уште 500 метри улици, со што целата населба Караорман ќе биде со квалитетна инфраструктура, со тампонирани и асфалтирани улици и со тротоари. До крајот на година ќе ќе успееме да ги решиме сите инфраструктурни проблеми овде, за граѓаните да имаат услови за пристоен живот еднакво на територија на цела општина Штип“, посочи градоначалникот Бочварски.

„До крајот на оваа година треба да се реализира втората фаза, којашто ќе биде насочена кон фино планирање и асфалтирање, а тоа се планира да се направи преку средства добиени од Фондовите. Штом Општина Штип добие средства, ќе бидат асфалтирани овие, но и многу други улици во оние средини од нашата општина коишто се сметаат за рурални.

Новата локална власт носи планови и проекти за патишта, улици, канализации, водоводи, градинки, училишта, спортски терени и гасна мрежа.

Ја приспособуваме целата постојна урбана и рурална инфраструктура да биде во функција на потребите на граѓаните.

Градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за сите жители на нашата општина да добијат решение кое ќе им го подобри животот во нивната средина.

Ги намалуваме разликите помеѓу градските и селските средини. Градиме по план, обезбедуваме инфраструктура за сите“, рече Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово