Бочварски изврши увид во започнатите градежни активности во Автокоманда

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски изврши увид во започнатите градежни активности во населбата Автокоманда на спој од улиците Широк дол и Радански пат. Се работи за прекоп, тампонирање и бетонирање на оваа улица која беше во лоша состојба и голем проблем за движење на граѓаните од тој дел од градот.

„Денеска се наоѓаме во населбата Автокоманда, или на улицата којашто е спој на Широк дол со Радански пат. Оваа улица беше црна точка во нашиот град и е многу значајна за изградба бидејќи овде има доста голема фреквенција на луѓе и многу стамбени објекти. Сумата на чинење на оваа улица е 650.000 денари,“ истакна Бочварски.

Општина Штип наредната недела започнува со реконструкција на уште една улица во тој дел од градот. Се работи за улицата Косовска што ќе чини околу 600.000 денари и со тоа овде се инвестираат околу 1,2 милиони денари, пари обезбедени од Влада на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски