Бочварски изврши увид во реконструкција на тротоар на улица „Борис Кидриќ“

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на ЈП „Стипион 2011“, Сашко Протогеров извршија увид во започнатата реконструкција на тротоарот кај улицата Борис Кидирќ.

„Се работи за фреквентна улица кадешто со реконструкција на овој тротоар обезбедуваме побезбедно движење на пешаците. Се работи за санација или целосна реконструкција на тротоарот на оваа улица. Ова е многу важно заради тоа што во разговорите со граѓаните, најавуваа дека она што е најпотребно да се реконструира во градот се тротоарите,улиците и коловозните површини. Се работи за инвестиција од 560.000 денари и изведувач на работите е ЈП „Стипион 2011“,“ изјави Бочварски.

Општина Штип исто така работи и на изградба на тротоар до Кампус 4, кадешто секојдневно студентите поминуваат. Се работи исто така и на игралиште во населба Блок 70, мини плоштад во населба Три Чешми.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му