Бочварски изврши увид во градежните работи на улица 7 во населба Баби

Од:

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска изврши увид во градежните работи на улица 7 во населба Баби, којашто се асвалтира.

„Започнуваме со поголем број на градежни зафати во Општина Штип. Денеска се асвалтира една од двете нови улици во населба Баби, а тоа е улицата бр. 7 за којашто уште пред изборите во октомври месец им ветив на граѓаните на населба Баби дека ќе се фокусираме на поголеми вложувања, на повеќе инвестиции во делот на новата квалитетна инфраструктура којашто ќе ја инвестираме и ќе ја реализираме во овој дел од градот,“ истакна градоначалникот Бочварски.

Новата локална власт уште на самиот почеток, во декември минатата година започна со активностите поврзани со уредување на градежното земјиште во станбена зона Баби 6.

На улицата број 7 во населбата Баби 6, се поставени водоводна и канализациона мрежа и извршено е тампонирање. Изведбата на водовод и канализација на улиците бр. 6 и бр. 7, во должина од 360 метри канализација и 285 метри водовод чини 1.500.000 денари.

Денеска фирмата којашто ги исполнуваше сите услови во тендерската постапка, започнува со асвалтирање на оваа улица, со што ќе се реши голем проблем и за пешаците и за возачите во една од поголемите населби во нашиот град.

Асвалтирањето на оваа улица број 7 ќе чини околу 3.941.200 денари.

„Општина Штип продолжува оваа пролет и оваа сезона со многу градежни зафати со што ќе го подобриме и квалитетот на животот и ќе имаме многу подобра инфраструктура за нашите граѓани,“ посочи градоначалникот Бочварски.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“