Бочварски изврши увид во градежните активности на тротоар кон Кампус 4

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, изврши увид во градежните активности поврзани со изградбата на нов тротоар од кружниот тек до Кампус 4 на Универзитетот „Гоце Делчев“, во населбата Железничка.

Станува збор за инфраструктурно решение кое долги години го бараа граѓаните на нашата општина, но најмногу студентите кои секојдневно пешачат во оваа насока во небезбедни услови.

„Во овој дел од градот нема тротоар за движење на пешаци. Се работи за површината од кружниот тек во населба Железничка, кај бензинската пумпа „Лук Оил“ до Кампус 4 на Универзитет „Гоце Делчев“, каде градиме тротоар.

Овој тротоар е многу важен за граѓаните, со кои во многу разговори и во предизборната кампања, но и сега, бараат овде да се направи површина за движење на пешаците.

Но, ова е важно особено за студентите коишто секојдневно одат на предавање во Кампус 4. Со ова докажуваме дека Општина Штип се грижи за студентите, за нивната безбедност, но и за да го разубавиме самиот влез во градот.

Овој тротоар е со должина од 1,3 километри и широчина од 1,5 метри. На него ќе има 6 проширувања каде ќе бидат поставени клупи. Се работи за површина од околу 2000 метри квадратни. Оваа површина ќе биде поплочена со бехатон и целиот проект, кој има вредности од 2.4 милиони денари,“ истакна градоначалникот Бочварски.

За младите и студентите Општина Штип издвојува околу 2.400.000 денари за изградба на нова пешачка инфраструктура, односно тротоар по којшто ќе можат безбедно да се движат и со тоа побрзо да стигнуваат на предавања. Со тоа не само што се зголемува безбедноста, туку и се зголемува поврзаноста на овој дел од градот со останатите делови, а на жителите на оваа населба им се овозможуваат и повеќе места за рекреација. Со изградбата на овој тротоар предвидени се и неколку места за поставување клупи, кои ќе можат да ги користат жителите од оваа населба за време на нивните попладневни прошетки.

Општина Штип има слух за потребите на граѓаните и гради инфраструктура којашто им излегува во пресрет на нивните барања.

Би можело да ве интересира

Во дел од штипските населби проблеми со снабдувањето со струјата

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Полицијата трага по 13-годишно девојче од Штип

Во Штип двајца директори на државни институции поднесоа оставки

А1он

Маж од Штип е осомничен за убиство на својата партнерка

Горан Наумовски

МВР: Маж со прострелна рана е пронајден во селото Пиперово