Бочварски изврши увид во градежни активности во населба Осми Ноември

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорот на јавното претпријатие Стипион извршија увид во градежните активности во населба Осми Ноември, кај основното училиште Тошо Арсов.

Се работи за изградба на пристапна патека до основното училиште Тошо Арсов и спортската сала, со што се решава долгогодишниот проблем на граѓаните кои газеа кал за да влезат во оваа спортска сала.

„Во овие неколку дена ЈП „Стипион 2011“ работи на реализација на оваа пристапна патека. Се работи за инвестиција од 330.000 денари, со што јавното претпијатие и Општина Штип отпочнуваат да ги санираат сите вакви помали зафати коишто се голема потреба за граѓаните,“ изјави Бочварски.

Во ООУ „Тошо Арсов“ и околу него се инвестирани околу 9,5 милиони денари. По завршување на пешачката патека ќе се постави лежечки полицаец за побезбедно движење на пешаците.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му