Бочварски и Шилегов на средба со граѓаните во штипската населба Автокоманда

Од:

Кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ Благој Бочварски денеска заедно со идниот градоначалник на Град Скопје Петре Шилегов беа во посета на штипската населба Автокоманда.

Бочварски вети дека ќе се укине наплатата на паркинг местата во населбата Автокоманда и околу Градскиот пазар, а проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос, како што рече, ќе го реши со изградба на монтажна катна гаража.

– Имаме уште многу други проекти, асфалтирање на дел од улиците „Солидарност“ и „Браќа Даневи“, покривање на каналот на улицата „Панче Караѓозов“, детската градинка која што е во многу ужасна состојба, а дворот на градинката ќе го уредиме. Секоја уништена површина, која е во шут и ѓубре ќе биде еко површина, истакна Бочварски.

Шилегов истакна дека е во Штип за да му ја даде поддршката на Бочварски и ги охрабри штипјани масовно да излезат на избирачките места на 29-ти октомври.

– Штип е зрел за промени. Граѓаните на Штип заслужуваат поквалитетна локална самоуправа, која ќе ги разбира нивните потреби и ќе ги решава нивните проблеми, рече Шилегов. Тој истакна дека како идни градоначалници на Скопје и на Штип ќе разменуваат искуства со цел да има развој, подобар и поквалитетен живот за граѓаните.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски