Бочварски: Градот Штип се гуши во смет

Од:

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, Благој Бочварски и кандидатите за советници денеска организраа акција за чистење околу спомениците на тврдината „Исар“.

Бочварски на прес-конференција, која ја одржа по еколошката акција истакна дека градот Штип се гуши во смет и оти доколку ја добие довербата на граѓаните ќе работи на решавање на овој проблем.

– Денеска се наоѓаме на Исарот и ќе исчистиме само дел од ѓубрето овде. Оваа тврдина и гордост на штипјани не заслужува да биде во ваква состојба. Затоа сакаме да дадеме скромен придонес за почиста и поздрава животна средина. Граѓаните освен чиста и здрава животна средина, бараат многу повеќе зеленило. Само 20 проценти од вкупната површина на Општината е под шумска вегетација, рече Бочварски.

Уште позагрижувачки, рече, е податокот што во градот има само 6 проценти зеленило. Според урбанистичките параметри, нагласи, на градот му се потребни 17 проценти зелени површини. Заеднички ќе се стремиме да го достигнеме овој процент со конкретни мерки кои ќе придонесат да го вратиме зеленилото во градот.

Тој забележа дека Штип има потреба од современ центар за рециклажа на пластика и хартија, а оти во урбаните заедници Пребег и Пролет во соработка со граѓаните ќе воведат организиран систем на селекција на отпад.

– Граѓаните кои ќе го селектираат својот отпад ќе плаќаат за 10 проценти помалку за смет. Со оваа мерка и со мерката за намалување на цената на водата за 10 проценти директно ги враќаме парите назад кај граѓаните. Преку ЈП Исар ќе набавиме возила за собирање на пластика и хартија кои во одредени денови ќе се собираат од овие урбани заедници и ќе се транспортира до центарот за рециклажа, вели Бочварски.

Кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Штип, додаде дека со мерките кои ќе ги преземат предвидено е количината на отпад која завршува на депонија да се намали за 20 проценти.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски