Бочварски го посети училиштето „Искра“

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски заедно со директорката на УЈП, Сања Лукаревска го посетија училиштето „Искра“. Оваа посета беше со цел донација на ова училиште за оние ученици коишто учат таму, по повод Ден на даночните работници.

„Денеска сме овде да донираме хуманитарен прибор којшто е собран од вработените во УЈП, во пресрет на нашиот Ден на даночниците. Секоја година го правиме истото, оваа година навистина ни е чест што ќе помогнеме на дечињата од ова средно училиште. Донирани се околу 109.000 денари од страната на УЈП, собрани од колегите, 65 комплети јоргани, навлаќи, ДВД системи и сетоа она што им е потребно,“ изјави директорката Лукаревска

„Сакам да се заблагодарам на училиштето „Искра“ и пред се на УЈП и директорката Лукаревска заради убавиот настан денеска. Денеска дел од своите средства коишто вработените ги имаат, ги донираат на ова училиште. На мене ми е мило што институциите во меѓусебна соработка можат да покажат како можеме да помагаме сите онаму кадешто е најпотребно. Ние како Општина Штип тоа го правиме редовно во зависност со нашите можности,“ додаде градоначалникот Бочварски.

На овој настан присуствуваа и раководителката на сектор лер, образование и јавни дејности од Општина Штип, Билјана Казанџиска, директорката на штипската експозитура на УЈП, Ана Јаковчевска и директорката на ДСУ „Искра“ Марија Костова.

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски