Бочварски-Едвардс: Гасифицирањето на Штип е приоритет што ќе придонесе за еколошки чиста средина

Од:

Денеска градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, оствари средба со заменик-амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Пол Едвардс. На средбата градоначалникот и заменик-амбасадорот разговараа за тековните активности и проекти на Општина Штип, инфраструктурните подвизи за целосен и еднаков развој на целата територија на општината, како и напорите на новата локална администрација да обезбеди поквалитетен живот на штипјани, чиста вода за пиење, еколошки безбедна животна средина и сл.

Градоначалникот Бочварски истакна дека меѓу приоритетите е гасифицирањето на Општина Штип, што ќе придонесе за големи енергетски заштеди и еколошки чиста средина.

Заменик-амбасадорот Едвардс ги поздрави напорите на новата локална администрација да го развива дијалогот со граѓаните преку дебати на ниво на урбани заедници за формирање на буџетот за 2018 година, како и неодамнешната дебата за изнаоѓање сообраќајни решенија. Новиот концепт на новата локална власт за Општина отворена за сите граѓани беше поздравен и охрабруван за во иднина.

Би можело да ве интересира

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена