Боцевски замина од раководните тела на ЛДП

Од:

Ивица Боцевски е незадоволен од коалицијата на ЛДП со СДСМ. Тој синоќа   дал неотповиклива  оставка од раководните тела   во партијата, објави Плусинфо.

Всушност, овој вид на дистанцирање на Боцевски  се официјализираше она што одамна се очекуваше и најавуваше.
Боцевски беше еден од најголемите критичари на приближувањето на ЛДП со СДСМ, кој се случи по последните предвремени парламентарни избори.

И во настапите во медиумите Боцевски тоа јавно го кажуваше, а оправдуваше некои потези на власта, спротивно на партиските ставови. Одговорот на ЛДП беше дека е демократска партија, во која секој има право на сопствено мислење.

Боцевски од лева ориентација, како најголемо изненадување стана портпарол на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и најостар критичар на опозицијата. Беше и вице премиер  задолжен за евроинтеграциите, по што си даде оставка , како што наведе , од лични причини, но никогаш не објасни зошто.

Боцевски набрзо влезе во ЛДП, и со тие партиски бои говореше за погрешните потези за Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?