Блупринт групата нема да номинира членови во Комисијата за спроведување избори за Судскиот совет

Од:

Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи во правосудството денеска соопштија дека нема да номинираат член и негов заменик во Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот совет од редот на судиите по основ на распишаниот јавен повик.

-Во изминатиот период, Блупринт групата и Платформата, побараа оставки од сите членови на Советот. Причината беше несоодветното и незаконско постапување на Судскиот совет, во претходниот период, со што ја загуби легитимноста да биде тело кое ќе ја штити судската независност, ќе го унапреди угледот на судскиот систем во јавноста и ќе гарантира отчетност и квалитет во работата на судиите, се наведува во соопштението.

Граѓанските организации ценат дека поднесените оставки на двајца членови не се доволни за да го вратат загубениот легитимитет, а изборот на двајца нови членови на Судскиот совет нема да ја смени перцепцијата за досегашното постапување на овој состав на Судскиот совет и со тоа нема да ги исполнат во целост нашите очекувања.

Граѓанските организации остануваат на ставот дека единствен начин за надминување на состојбите предизвикани со незаконското работење на Судскиот совет е доколку и останатите членови поднесат оставки и доколку се иницира унапредување на транспарентноста, отчетноста и инклузивноста во процесот за избор на нови членови на Советот.

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава