Блокадите на рудникот продолжуваат, Владата утре треба да пресече

Од:

Протестните блокади на жителите и активистите од струмичко Босилово и Ново Село против рудникот „Иловица-Штука“ продолжија и денеска, а како што најави премиерот Зоран Заев, на утрешната владина седница треба да се донесе одлука дали концесионерот на рудникот „Еуромакс рисорсис“ треба да се повлече.

Во изјавата минатата недела Заев рече дека треба да се разгледаат сите формални и правни аспекти, а пред сè да се почитува желбата на неселението од овој регион.

Активистите ќе продолжат да го блокираат патот кон рудникот и нема да дозволат археолозите ангажирани од „Еуромакс рисорсис“ да вршат истражувања сè додека не се донесе конечна одлука да се забрани работата на концесионерот.

Нивниот револт, кој трае веќе две години, ескалира минатата недела кога на теренот кај рудникот „Иловица-Штука“ биле испратени археолози, чија последна препорака, доколку на теренот нема вредно археолошко наоѓалиште, би дала виза за почнување со ископ на рудникот.

По неколку дена, на нивните протести се спротивставија педесетина контрапротестанти, односно група граѓани ангажирани со работна обврска од концесионерот и велат дека сакаат рудник и дека тоа им овозможува егзистенција.

Концесијата на „Еуромакс рисорсис“ е истечена во 2016 година, така што сите активности во овој меѓупериод се противправни. На јавноста не ѝе достапна ниту студијата за оценка на влијанието врз животната средина со образложение дека таа може да биде погрешно протолкувана. Активистите постојано посочуваат дека рудникот од отворен коп комплетно ќе ја уништи животната средина, а јаловишната брана од 267 метри е потенцијално отровно цунами кое може да донесе фатални последици за луѓето и природата.

Би можело да ве интересира

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Швајцарската компанија Трафигура стана мнозински сопственик во „Еуромакс ресоурцес“

Предраг Петровиќ

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on