„Blizoo“ одбележа една година присуство на македонскиот пазар

Од:

Телекомуникацискиот оператор „Blizoo“ денеска во продажниот салон во ГТЦ ја прослави првата година од работењето на македонскиот пазар. Првиот роденден, истовремено со низа настани беше одбележан во трите продажни салони низ Скопје.

Посетителите добија подароци, а новите корисници кои потпишаа договор на 24 месеци, добија на подарок 50% попуст за користење на услугите за ТВ, интернет и телефонија.

Главниот извршен директор на „Blizoo“ Кирил Трендафилов оцени дека за една година направиле повеќе од очекуваното и планираното.

Ги намаливме цените и ја зголемивме конурентноста во телекомуникацискиот сегмент. Изминативе две години, ивестиравме над 7 милиони евра во надградба на мрежата. Меѓу другото, успеавме да се позиционираме на третото место на листата на најбрзо растечки компании, како и на дваесеттото место на листата на најуспешни компании во Македонија, рече Трендафилов.

„Blizoo“ е телекомуникациски оператор чии услуги се достапни во Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип и Прилеп.

Би можело да ве интересира

Предлогот за измени во Законот за електронски комуникации усвоен од Комисијата за транспорт и врски

Жарко Настоски

АЕК: Брзината на мобилниот интернет повисока од минимално пропишаната

Емир Латифовиќ

Лани повеќе се зборувало на мобилен

Емир Латифовиќ

Ивановски: Од 30 јуни драстично пониски цени во роаминг

Емир Латифовиќ

Гледачите на БоомТВ ќе продолжат без прекин да ги следат Fox, Fox Crime, Fox Movies, 24 Kitchen и Sport Klub каналите

Емир Латифовиќ

Новата компанија ќе се вика one.VIP

Емир Латифовиќ