Блиските на жената од Косоврасти негативни, новиот случај на заразен е маж од Дебар

Од:

По во петокот потврдениот нов случај на заразен со Ковид-19 по 50 дена, во Дебар денеска е регистриран уште еден случај на новозарзен.

Во петокот тоа беше жена од селото Долно Косоврасти, која пред неколку години е оперирана од тумор во мозокот, имала висока температура и чести епилептичми напади. Беше пренесена на Клиниката за неврологија во Скопје каде е потврено дека е заразена со Ковид-19 по што е хоспитализирана во Инфективната клиника.

-Тестовите направени на лицата кои имале контакт со заболената жена се негативни на Ковид-19,што е добра вест. Сепак сите тие и понатаму се во самоизолација, рече Дука.

Новиот, денеска потврден случај, е маж од Дебар, кој, како што потврдуваат од Општата болница бил префрлен во клиниките во Скопје поради силни болки во градите, но направениот тест потврдил присуство на коровирус. Хоспитализиран е во болницата „Осми септември“.

Според полициската статистика од последното деноноќие, во Дебар во самоизолација се 45 лица, но поради новиот случај бројот денеска е поголем.

Би можело да ве интересира

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Поради сообраќајка, во прекин е сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар