Блиц: Утре се одлучува за вонредни избори во Македонија

Од:

Српски Блиц, повикувајќи се на Танјуг пренесува дека утре во македонското собрание ќе се гласа за распуштање на парламентот и за распишување вонредни избори, за што биле потребни 62 гласа.
-До вечерва опозицијата имаше 43 гласа „против“а власта 60 „за“, пишува Блиц. Ако 13 пратеници на владечката партија ДУИ одлучат да гласаат против вонредните избори, тогаш опозицијата ќе има 56 гласа „против“, а власта 60 гласа „за“, пишува Блиц.

Интересно е што текстот објавен вечерва после 23 часот, односно речиси три часа по обраќањето на премиерот Никола Груевски кој кажа дека владеачката партија прифаќа да се потпиште на извештајот на Комисијата за 24 декември под услови кои ги бараше СДСМ, а со тоа се откажа од двата услови, меѓу кои беа и вонредните избори.

Претходно, тенденциозен и едностран  извештај имаше објавено Блиц, повикувајќи се на Танјуг, во кој настаните од 24 декември и околлу комисијата беа отсликани низ ставот на владеачката партија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Груевски до министерот за правда: Го гледам и не личи дека СДСМ на криминалецот Заев заминала од власт

ВИДЕО: Мицкоски „има чувство“ дека поранешни премиери, функционери на СДСМ и нивни блиски ќе бидат опфатени со прогони

Катерина Ѓуровски

Кривичен суд: Една казна за Груевски e застарена, две пресуди остануваат активни

Горан Наумовски