Блесна новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

Од:

Десетина нуркачи од Нуркачкиот центар „Амфора“, Клубот за подводни активности „Охрид“ и Сојузот за подводни активности на Македонија денеска традиционално, 14. пат ја украсија елката во водите на Охридското Езеро.

Традицијата на украсување на новогодишното дрво под вода продолжува, како своевидна атракција за посетителите на Музејот на вода во Заливот на коските кај Градиште, каде е и сместена елката која се гледа од брегот.

Зоран Мирчевски од Нуркачкиот центар „Амфора“ изрази задоволство што нему му беше дадена честа тој оваа година да ја има улогата на Дедо Мраз под вода.

– Ја користам оваа прилика да ги поздравам сите свои колеги нуркачи, сите граѓани на Република Македонија и да им посакам се најубаво во Новата 2016 година, изјави за Мирчевски.

Елката е поставена на длабочина од три метри и е накитена со украси и лампиони, посебно подготвени за да изглегаат што поприродно во специфичниот подводен амбиент.

Би можело да ве интересира

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски