Блажо Боев нов ректор на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“

Од:

Нов ректор на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип е професор доктор Блажо Боев, кој доаѓа од Факултетот за Природно-Технички науки и досега ја извршуваше и функцијата проректор за наука на УГД-Штип.

Универзитетскиот сенат денеска со тајно гласање го избра Боев во наредните четири години да биде нов ректор на УГД-Штип.

Боев вели дека во изминатите осум години од постоењето на универзитетот јасно се поставени насоки за негов развој од претходниот ректор Саша Митрев, а според него успехот се гледа и во економско–социјалниот развој кој го донесе универзитетот за источниот регион. Приоритетен проект за него се студентите.

– Во секој случај приоритет ќе бидат студентите. Студентите нивниот живот, нивното квалитетно образование, студирање и да овој регион, односно градот Штип биде добро место за студирање не само за студентите од овој регион, туку и од поширокиот дел на Македонија и на другите земји да кажеме од Европа, бидејќи проблемот со интернационализација на универзитетите е значајно прашање, кое треба да се случи во иднина и мислам дека од тоа прашање во иднина не треба да бегаме, вели Боев.

Поранешниот ректор, Саша Митрев вели дека од Боев очекува и во текот на наредниот период да го развива универизтетот и сите нејзини факултети, почнати проекти да се реализираат и секако штипскиот универзитет како најмалд од второто место на шангајската листа да биде на првото место по квалитетно образование на студентите.

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“