Блажески: Дали е моралнo новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ да слави во болница?

Од:

Дејан Блажески, член на Советот на општина Охрид, реагира на злоупотребата на институциите во партиски цели:

Како претставник од нормативната власт, имам законска и морална обврска да го штитам интересот на граѓаните на Охрид . На социјалните мрежи протекоа фотографии на кои се гледа дека директорот, некои лекари и дел од техничкиот персонал го слават назначувањето за координатор на ДПМНЕ во Охрид.

Згрозен сум од прославата на новиот координатор на ВМРО-ДПМНЕ во просториите на општата болница во Охрид, кој впрочем е и раководител на болницата. Просториите на болница, не смеат да бидат место каде ќе се слават политички кариери, уште повеќе кога голем дел од лицата треба да се грижат за здравјето на пациетните , а не да наздравуваат во име на партијата.

Барам, директорот, веднаш да и се извини на охридската јавност, заради угледот на болницата, лекарите , медицинскиот персонал и пациентите.

Од друга страна, ги повикувам надлежните, да покренат дициплински постапки во рамиките на законските прописи, потсетувајќи дека во оваа установа треба да се спасуваат човечки животи.

И покрај се`, му ја честитам новата фунција и посакувам чесни избори.

Би можело да ве интересира

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум

Поради одрон, сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум по една лента

44-годишен охриѓанец со нож рани познаник

Силен ветер урна дрво на кејот во Охрид

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид