Благослов од митрополитот Агатангел по повод Божик

Од:

Митрополитот повардарски Агатангел до православните верници испрати архипастирски благослов по повод Рождеството Христово – Божик.

– Градејќи заедница со Богомладенецот Христос, да ја зголемиме радоста на брачната љубов, да ја зацврстиме заедницата на семејството, бидејќи духовно здраво и стабилно семејство,води кон духовно здравје и стабилност на Светата мајка наша-Македонска православна црква и на Светата наша татковина, Република Македонија, порача Агатангел.

Не заборавајте, додаде, да ги љубите непријателите свои и да ги благословувате оние кои ве повредуваат или ви чинат зло.

– Токму ова ќе ве разликува од лицемерните и суетните кои се со лица светли, но со срца злобни лажни пророци, со слаткоречиви пораки и ветувања одбегнувајте ги и не следете ги. Хранете се со божествена мудрост и проникливост во секој миг и со секоја воздишка и само така ќе бидеме народ свет и осветен-пример за другите народи и залог за идните поколенија, рече митрополитот повардарски Агатангел.

Би можело да ве интересира

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Божикна средба кај архиепископот Стефан

За Бадник и Божик автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред