Благодарница за АРМ за помошта во подрачјата на поплавите во Србија

Од:

Армијата на Република Македонија доби благодарница од Владата на Србија за помошта што Армијата ја даде при справување со поплавите што го зафатија нашиот северен сосед во текот на минатиот месец.

Благодарницата ја врачија денеска амбасадорката на Србија во земјава Душанка Дивјак-Томиќ и одбранбеното аташе на Република Србија акредитиран во Република Македонија, потполковникот Жељко Симиќ на на средба на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески.

– Ова признание е потврда за претходно искажаната благодарност на началникот на генералштабот на Војската на Србија Љубиша Диковиќ, кон началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, за професионалноста на припадниците на Армијата на Република Македонија кои беа ангажирани во едно од најпогодените места за време на поплавите, градот Обреновац, стои во соопштението од ГШ на AРМ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он