Охридскиот советник Нефи Усеини поднел оставка во Советот на Општина Охрид. Ова за „А1он“ го потврдува претседателот на Советот, Сашо Донев.
Оставката доаѓа една и пол година по добивањето вторпат мандат тој да ги претставува охриѓани. Оставката е поднесена поради, како што навел, лични причини.
Инаку, Усеини е бизнисмен и претседател и на разгранокот на ДУИ во Охрид, кој доби осудителна пресуда за претепување на својот колега од претходниот состав, Џемал Мена. Нему му се судеше и беше ослободен од вина во случајот за претепувањето на сограѓанинот Спиро Топаловски, а откако охриѓанецот го промени исказот и рече дека, всушност, не бил тепан.
Усеини е познат и по дивоградбата среде Охрид, која петта година никој не ја урива.