По четири години турбо работа: Обвинителство утврди дека пицеријата на Нефи е дивоградба и го гони

Од:

Четири години му требаа на охридското Обвинителство за да ја види дивоизградената тераса на Нефи Усеини во старото градско јадро на Охрид, кај Чинарот. Скоро половина деценија се проверуваше, чекаше, тактизираше, за сега, да се бара од судот да го осуди Усеини за бесправно градење. Обвинителството поднело обвинителен акт според кој, без одобрение, Усеини изградил покриен приземен деловен објект, со бетонска плоча, ѕидови фасада. Овој објект е кренат на државно земјиште.

„Обвинетиот се обвинува дека во непосредна близина на градскиот чинар, без одобрение за градење издадено од надлежен орган, градел градба од втора категорија – покриен приземен деловен објект со носива метална конструкција, поставена на бетонска подлога-бетонска плоча, со димензии во основата од источната страна од 16,15 метри, од западната страна со димензии од 12,34 метри и од јужната страна со димензии од 11,99 метри, со изградени бетонски ѕидови, целосно затворен со фасадна обвивка, обложена со камени плочки, со монтирани стаклени излози, на источната страна на објектот со изведена настрешница за покривање на терасата“, велат од Обвинителството за „А1он“.

Дивоградбата во фаза на ѕидање (12 јуни 2019)

Иако е дивоградба, засега ниту една институција не ја урива дивоградбата на Усеини, во која и ова лето се гоштеваа туристи и жители на Охрид. Уште во 2019 година, ексградоначалникот Константин Георгиески најави уривање, кое никогаш не се реализираше. Инспекциските служби од општинско и државно ниво си се прогласија ненадлежни. Едните тврдат дека обврската за уривање е кај Државниот инспекторат за градежништво бидејќи станува збор за старо градско јадро кое е заштитено, а државните инспекторат велат дека се ненадлежни и дека општинскиот инспектор треба да ја реши работата.

Дивоградбата фотографирана на 5 април 2019 година

„Ве известуваме дека конкретната тераса согласно одредбите од Законот за градење не претставува градба од прва категорија, истата е категоризирана како градба од локално значење за што инспекциска постапка има поведено овластениот градежен инспектор при општината“, кажаа од ДИГУ за „А1он“ минатата година.

Пицеријата за која сега Усеини треба да одговара бидејќи ја изградил без одобрение, беше свечено отворена. На отворањето присуствуваше и струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

Мерко сечеше лента за отворање на дивоградбата

Ова не е единствена дивоградба на Усеини. Тој има и бетонска база која прво беше поставена на стариот пат Охрид-Струга, а сега е преместена во месноста Мауцхер, каде тој има сопствена парцела, која изминативе години ја купи од државата. Усеини како советник беше поврзан со низа скандали, тепачки, напади. Еден од нив е и нападот на сограѓанинот Спиро Топалоски, за кој доби ослободителна пресуда, бидејќи натепаниот тврдеше дека не бил тепан.

Бектеши од ДУИ се гоштеваше во неа

Општина Охрид, во време кога со неа раководеше Георгиески, не знаеше кој ѕида без одобрение кај Чинарот. Откако „А1он“ објави дека тоа е Нефи Усеини, тоа подоцна го потврдиле и од општинскиот инспекторат. Одговорност и уривање на дивоградвата најавуваше и експремиерот Зоран Заев, но тоа никогаш не се случи.

Инаку, Нефи Усеини е претседател на огранокот на ДУИ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов

Наместо затвор, Нефи Усеини доби казна под минимумот: парична глоба ќе треба да го натера да не тепа советници во иднина

Кристијан Ландов

ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат навредите од советникот во општина Охрид Нефи Усеини кон колешката Емилија Мисирлиевски

А1он