Бизнисмен од Скопје заработи кривична од Финансиската полиција

Од:

Управата за финансиска полиција, до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против А.Б.Г во својство на сопственик и управител на правниот субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје и против правното лице Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје поради основано сомнение дека го сториле кривичното дело 60-а од Законот за Данок на додадена вредност.

„Првопријавениот од 3.8.2021 година, со намера да се стекне со противправна имотна корист за себе и за второпријавениот правен субјект Друштво за консултантски услуги АЛТЕРА КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје, постапил спротивно на член 43 став 3 од Закон за ДДВ, на начин што, пријавената даночна обврска по основ на ДДВ во износ од 11.004.500 денари која бил должен да ја плати во рок од 15 дена по денот на приемот на решенијата за утврдување на данок, не ја уплатил, односно ја присвоил за себе и пријавеното правно лице, со што пријавениот го оштетил Буџетот на Република Северна Македонија во износ од 11.004.500 денари“, велат од УФП.

Би можело да ве интересира

Поранешна директорка на битолската Клиничка болница осомничена за злоупотреба

Кривична за велешанка – си зема 212.000 денари од касата на фирмата каде работеше

А1он

Ексградоначалник на Чашка под истрага за злоупотреба на функцијата

Кривична пријава за претседателот на Регулаторна Марко Бислимоски

Катерина Ѓуровски

Кривична за битолчанец – со фалсификување документи го оштети РЕК Битола за скоро 90.000 евра

А1он

Кривична за петмина тетовци за трговија со дете и полов напад

А1он