Битолските лекари специјалисти задоволни од зголемувањето на платите

Од:

Лекарите специјалисти во Медицински центар „Др. Трифун Пановски“-Битола денеска ги поздравија напорите и третманот на лекарите специјалисти од страна на Министерството за здравство преку реализираните реформи и новодонесениот Анекс на Колективниот договор.

На денешната прес – конференција во Клиничка болница-Битола беше истакнато дека новите одлуки за објективно оценување на работата на лекарите се прифатливи и мотивирачки.

– Со новата одлука извршено е услогласување на коефициентите односно има покачување на платите од 19,2 насто кое ќе се реализира фазно. Придобивка од новата одлука е и податокот дека обезбедени се заштитни механизми за остварување на основната работна успешност на лекарите која ќе се остварува квартално и ќе се добие објективна оценка за работата на лекарите, истакна д-р Славица Настевска, раководител на Интерно-одделение во Клиничка болница-Битола.

Според лекарите специјалисти од Клиничка болница-Битола новите мерки ќе покажат ефикасни резултати и во интерес на пациентите кои очекуваат и бараат поквалитетни здравствени услуги.

Клиничката болница во Битола е подготвена за реализација на Анексот од Колективниот договор бидејќи имаат вработен администратор што ќе ги внесува податоците и другите деталји потребни за непречено функционирање на здравствените работници.

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!