Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“ го одбележа патрониот празник

Од:

Универзитетот „Св.Климент Охридски“-Битола, државниот и патрон празник го одбележа со онлајн свечeната седница на Сенатот и Управата на УКЛО.

На онлајн свеченоста министерката за образование и наука Мила Царовска го поздрави годинешното заедничкото празнување на Свети Климент Охридски од страна на Битолскиот и Софискиот Универзитет, кои според министерката Царовска заеднички ја споделуваат гордоста носејќи го името на патронот Св.Климент Охридски.

– Битолскиот и Софискиот Универзитет покрај академската мисија заеднички го споделуваат и името на книжевникот, епископ, учител, големиот Свети Климент Охридски. Двата универзитети оваа година заеднички го празнуваат патрониот празник и тоа претставува добар знак за нас и нашите два Универзитети бидејќи е во духот на европските вредност за партнерство, поврзување низ нов академски дискурст. Тежиштето го ставаме на квалитетна академска соработка со фокус на размена на студенти, кадри, знаења, споделување на искуства, вештини односно обезбедување на цврста поврзаност на Универзитетите во Битола и Софија, но и на нашите две академски заедници, истакна во своето онлајн обраќање министерката Царовска.

Поздравната реч по повод Патрониот празник на универзитетите во Битола и Софија одржаа ректорите Сашо Коруновски и Анастас Герджиков, а во рамки на празничниот настан беа промовирани и најдобро дипломираните студенти на УКЛО.

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Силјановска Давкова: За праведно и солидарно општество да се навратиме на вредностите на Свети Климент

Државната награда „Св. Климент Охридски“ врачена на годинашните добитници

Врачување на државната награда „Св. Климент Охридски“

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on