Загина битолчанецот Р.Г. (40) кога синоќа во 20,35 часот со своето возило излета од патот.
Тој се движел на пат Ѓавато – Тополчани во близина на туланата во правец кон крстосницата за с.Могила, кога од засега непознати прични, возилото кое го управувал, марка „Ауди“ со битолски регистарски ознаки, излетало од коловозот, при што возачот починал на лице место.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.