Битолчанец натепал сограѓанка во кафуле на Широк Сокак, ѝ ја одзел чантата и телефонот

Од:

25-годишен битолчанец вчера бил уапсен поради тоа што во угостителски објект на Широк Сокак, нападнал помлада сограѓанка, на која ѝ ги одзел чантата и мобилниот телефон, соопшти полицијата.

„На 27.06.2021 полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода К.И.(25) од Битола, затоа што во угостителски објект на Градското шеталиште во Битола физички ја нападнал С.Г.(20) од Битола и ѝ одзел телефон и чанта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Левица со амандман бара 600.000 евра за обезбедување престој за жртвите на семејно насилство

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Полицијата трага по 22-годишен разбојник кој ограби фризерски салон во Битола