Битолчанец го убил зетот

Од:

Битолчанец го убил својот поранешен зет, откако тој упаднал во неговата куќа и со остар предмет ја нападнал поранешната сопруга, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (21.02.2022), во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ.(62) од Битола, затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото. Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која е негова поранешна сопруга. Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Ја принудувал сопругата на сексуални односи, ги тепал и неа и нивните деца, уапсен 45-годишен гостиварец

Притвор за тетовец кој ги тепал сопругата и ќерката и се заканувал дека ќе ги запали

A1on

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници