Битката почна на социјалните мрежи, кој прв ќе го зафати просторот пред Собранието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го зафати просторот пред Собрание, каде што опозицијата најави протестен собир.

Вечерва по сите градови се поместуваат тајминзите за тргнување накај Скопје од градовите во Македонија.

Од Охрид организирано со автобуски превоз се поаѓа од 5 часот. Од Кавадарци, поаѓањето на автобусите со членовите на владеачката партија беше организирано во 10 часот, но доцна вечерва терминот е исправен и се повикуваат вмровците дека поаѓањето е во 6. 30 часот. Истото се случува во сите градови, а целта е да се заземе просторот пред Собранието пред таму да се собере опозицијата.

Исотвремено активистите на опозицијата напишаа на социјалните мрежи

„Ги спремаат вмровците посабајлечки од цела Македонија пред Собрание. Да им покажеме дека местото не им е таму туку на работните места за кои земаат плата од нашите џепови. Станете еден час порано и во 7 и 30 часот да се видиме пред Собрание. Одиме до крај.“

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?