(ВИДЕО) Бишевац: Протестов е против оние што го валкаат новинарството

Од:

Пред неколку илјади луѓе пред телевизија Сител, пратеникот Сафет Бишевац кажа дека протестот не е насочен кон новинарите или против новинарството.

Единстевно против манипулациите и лаѓите што според него ги шират Латас, Ивона и Сарма.

Бишевац кажа дека секоја телевизија може да застапува одредена политичка опција и никој нема ништо против тоа, меѓутоа има против лагите и манипулациите што ги шират.

Тој нагласи дека дента на 24 декември кога новианрите беа исфрлени од Собранието, на некои медиуми не беше кажано ни збор за тоа.

Бишевац кажа дека Велија Рамковски бил во право кога рекол при паѓањето на А1 дека тоа е борба со диктатурата.

Тој додаде дека Латас самиот признал дека е платеник и дека работи за пари и го спореди режимот на милошевиќ со режимот на Груевски, каде спомна дека латас често и гостувал кај Милошевиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите