(ВИДЕО) Билјана Секуловска-Габар: Да ја донесеме Европа во Македонија, не ние да одиме таму

Од:

Носителот на советничката листа од СДСМ, за Град Скопје, Билјана Секуловска вели дека на 16-ти октомври ќе се направи промена во Собранието на Град Скопје за градот. Исполнувањето на целите е клучната работа на која таа ќе се посвети.

„Нема да има сечење на паркови со полициски специјалци, ниту ноќни седници, бидејќи овој град ќе биде услужен, а самите треба да научиме да се организираме и да си ги решаваме проблемите сами! Ако градоначалникот доаѓа да ни ги отпушува цевките, тогаш, службите не ги извршуваат своите работи. Наместо по кафеаните да се бавиме со политика, ајде сите заедно да бидеме креатори на политиките од нашиот град“, вели Секуловска-Габар.

Според неа, хигиената и комуниланите прашања мора да бидат затворени и заборавени еднаш засекогаш, додавајќи дека Скопје има премногу неасфалтирани улици без канализација, а има бронза. Секолувска вели дека е тажно да се чуствуваш странец во сопствениот град

„Секој од нас му припаѓа на некој дел од Скопје. Мора да ги вратиме имињата на улиците“, рече Секуловска-Габар.

Таа вели дека престојувала во многу градови низ светот, а во Македонија, учствувала во многу невладини организации.

Секуловска-Габар кажа дека во советот има Македонци, Албанци, шарени, Турци, кои ќе бидат иницијатори на многу градски активности, но и контролор за се.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори