Билјана Беличанец кандидат за градоначалник на Кисела Вода

Од:

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги утврди имињата на уште 12 кандидати за градоначалници од редовите на партијата за претстојните локални избори.

За општина Кисела Вода за градоначалник е предложена актерката Билјана Беличанец Алексиќ, за Кичево, досегашниот градоначалник на општина Кичево Благоја Деспотоски-Ташко, за Дојран портпаролот на МНР Борче Стамов, за општина Бутел, досегашниот градоначалник Петре Латиноски, за општина Неготино, Ванчо Апостолов, пратеник во Собранието на Република Македонија и за општина Демир Хисар, Љупчо Блажевски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Демир Хисар.

Досегашниот градоначалник на општина Зелениково ќе се кандидира повторно на оваа функција, Веле Груевски, за општина Сопиште, Стефче Трпковски, пратеник во Собранието на Република Македонија, за општина Чашка, Горанчо Пановски, досегашен градоначалник на општина Чашка, за Пехчево, Игор Поповски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Пехчево, за општина Карбинци, Зоран Минов, претседател ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Карбинци и за општина Конче, Благој Јованов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Конче.

Како што се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, основен вредносен принцип според кој Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се водел при изборот на кандидатите за градоначалници за престојните локални избори била понудата на квалитетни програмски решенија во сферата на инфраструктурниот, стопанскиот и економскиот развој на општината. Значаен критериум за избор на кандидатот е и неговиот личен кредибилитет и досегашен придонес за општината за која се кандидира.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот ќе биде насочен кон развојни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар

Горан Наумовски

Младеновска: Оставка за Клековски, призна дека „црвените светла“ се запалиле предоцна во Гостивар

Петрушевски: Додека СДС се занимава како да ќари политички поени, надлежните во државава работат и ситуацијата во Гостивар се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите се справуваат со состојбата во Гостивар без одлагање