Тетовецот Џ.И.(73) починал откако бик налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот на нивната семејна куќа во Ново Село, општина Желино, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Несреќата се случила вчера околу 17 часот додека старецот се обидувал да го врзе бикот, кој налетал врз него и го набил во ѕидот од дворот.
Помош на повредениот веднаш му укажале домашните и соседите, но од здобиените повреди Џ.И. починал на пат кон тетовската болница.
– Полицијата разговарала со лекарите во болницата за видот и карактерот на повредите, како и причините за смртта по што се упатила на местото од настанот да изврши увид, рече Јосифовски.