Бик усмрти пензионер од Прилеп

Од:

На 29.7.2022 околу 13.20 часот во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во Прилеп, во близина на Хлорната станица на ЈП „Водовод“, спроти новите гробишта, од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт кај К.Ј.(75) од Прилеп, чие што тело се наоѓало во патничко возило „матиз“, со прилепски регистарски ознаки.

Од страна на увидна екипа од Полициска станица Прилеп извршен е увид, а при разговор со В.Ј. (50) од Прилеп, син на починатиот, тој кажал дека откако добил повик од З.Н. дека нешто не е во ред со неговиот татко, се упатил кон место викано „Стопанство-Чопела“, каде што неговиот татко напасувал добиток и го забележал како лежи на ливадата без знаци на живот, најверојатно од напад на бик.

Заедно со роднината Р.Б. го ставиле телото во возилото и на пат кон градот, пред влезот на Хлорната станица, ја пресретнале екипата на Итната медицинска помош Прилеп.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.

Би можело да ве интересира

Србин пронајден починат на фарма за свињи во гевгелиско Моин

Во куќа во Шуто Оризари пронајден е починат 43-годишен маж

Скопјанец најден починат во својот дом

Пронајден мртов затвореник во „Идризово“ – отслужувал 11 годишна казна

А1он

Драма во Загреб: Во тоалет на ресторан пронајден мртов маж

Двајца пациенти починале во чекалната на „Свети Дух“ – едниот бил пронајден од семејството