Бигорски со засилени заштитни протоколи за прославата на 1000-годишнината

Од:

Свештената Бигорска Обител, попладнево објави дополнително соопштение за прославата на големиот јубилеј 1000 години од основањето на манастирот што ќе се одржи в недела на 18 октомври.

– Возљубени пријатели на Свештената Бигорска Обител,ве известуваме дека поради зголемениот број случаи на заразени од Ковид-19, како и засилените мерки и препораки на Министерството за здравство и на другите здравствени институции, прославата на 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител ќе се одвива со строго запазување на предвидениот протокол за заштита,стои во соопштението.

Се додава дека програмата на 18 октомври, вклучително и светата богослужба, ќе се одвива на отворено, во дворот на манастирот, каде ќе биде поставена монтажна бина, а исто така и два видео-екрани.

-На неколку места ќе има пунктови за дезинфекција, а носењето на маски и одржувањето на потребното растојание се задолжителни. За доследно запазување на споменатите мерки ќе биде ангажирана професионална и лиценцирана екипа на редари, коишто ќе се грижат бројката на посетители да не го надмине дозволениот капацитет според протоколот за заштита. Исто така, за оние коишто нема физички да присуствуваат на прославата, ќе биде обезбеден директен пренос на МТВ, на нашата Фејсбук страница и на нашиот Јутуб канал. Ви благодариме на разбирањето и ги просиме вашите молитви, се наведува во дополнителното соопштение на Свештената бигорска обител.

Инаку, утре (сабота) со почеток во 18:00 часот ќе биде отслужена архијерејска Вечерна богослужба, на којашто молитвено ќе претстои надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Во недела, на 18 октомври, со почеток во 9:00 часот ќе биде отслужена Божествена архијерејска Литургија, со којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан, во сослужение со своите собраќа од Светиот Синод на МПЦ-ОА.

По завршување на Литургијата, со пригодно слово кон присутните ќе се обрати Архиепископот г. г. Стефан, а после него и покровителот на прославата, Претседателот на државата Стево Пендаровски.

Потоа, од страна на Митрополитот г. Тимотеј и Епископот г. Партениј ќе бидат доделени ордени и благодарници на заслужни поединци и организации, кои дале значителен придонес за благолепието на Бигорски и за неговата евангелско-просветна мисија.

Би можело да ве интересира

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена

(ВИДЕО) Поглаварот Стефан: Жената ја изедначуваат со мажи кои никогаш нема да бидат жени

Горан Наумовски