Бичиклиски: На Црвенковски ќе му ја пратиме снимката со Магаш

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно и денеска го повика Бранко Црвенковски да каже каде оделе парите од шверцот со нафтата. Портпаролот на партијата, Александар Бичиклиски кажа дека на црвенковски ќе му испратат цд од видео снимката во која Љубомир Магаш го посочува токму него како човек кој одбрувал и правел шверц на нафта, заедно со тогашниот министер Фрчковски.

„Бранко нека ја погледне добро снимката и нека одговори:

Koj e Љубомир Магаш и од каде се познава со овој човек?

За колкав шверц станува збор? Колку цистерни пуштавте низ границите и кој се се богатеше додека народот го осиромашувавте и го ограбувавте?

Во кои џебови отидоа парите од шверцот на нафта? На кои банкарски сметки завршуваа овие со криминал заработени пари?

Сигурни сме дека Бранко ќе се потсети на средбите во кафеаната Идадија, а ако и на тоа не се сети може да го исконтактира и Магаш, сигурни сме дека сеуште го има неговиот конктакт.

Молкот на СДСМ значи дека според Бранко Црвенковски граѓаните не заслужуваат да знаат зошто се крадел и ограбувал народот.

Со тоа СДСМ повторно се става над народот, над граѓаните и над државата.

За нив е подобро да се одбрани Бранко Црвенковски отколку да се дознае вистината.

Ваква ароганција е невидена.

Ова се прашања кои нема да престанеме да ви ги поставуваме. Погледнете ја добро снимката. Бараме конкретни одговори“, рече Бичиклиски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“