Би-Би-Си објави статија за уништувањето на Охридското Езеро

Од:

Охридското Езеро е најстарото природно езеро во Европа и едно од најстарите природни езера во светот. Најголемата просечна длабочина му изнесува 155 м, поради што е најдлабоко во Европа и 14то најдлабоко езеро во светот. Со над 200 ендемични видови кои живеат во неговите води, Охридското Езеро е најважниот езерски екосистем на европскиот континент.

И можеби токму поради овој податок, Би-Би-Си како едно од наjрелевантните списанија за див свет, во своето јулско издание објави статија за заканата од уништување на Охридското Езеро. Би-Би-Си списанието за див свет се печати од 1963 година, и оттогаш па наваму објавува стручни и проверени информации за дивиот свет кој ја населува планетата Земја.

„Балканскиот Галапагос е под закана. Дом на уникатни видови риби и полжави, Охридското Езеро може да пресуши доколку се гради во неговото Блато.“ – објави Би-Би-Си.

BBC wildlife

 

„Студенчишкото Блато е ризница на уникатна фауна, како и место за мрестење и гнездење на многу видови жив свет кои го чинат уникатниот екосистем на Охридското Езеро. Со новиот ГУП за Охрид 2014-2024 се планира Блатото да се исуши за да се изградат луксузни апартмани, хотел и марина. Со намалувањето/преземањето на површината на Блатото ќе се промени квантитетот и квалитетот на подземните и површинските води, како и неговата основна функција (природен прочистувач на Охридското Езеро) што воедно е најсериозна закана по биолошката разновидност на Блатото како и на самото Езеро.

Поради ова, Охрид ЅОЅ во јуни годинава испрати отворено писмо до градоначалникот на Охрид, г. Никола Бакрачески, кое содржеше Барање за мораториум на спроведувањето на активностите/проектите кои подразбираат намалување, односно преземање на Студенчишко Блато (УБ 17.1). До денес Охрид ЅОЅ нема добиено никаков одговор на барањето.

Помислата дека Охрид и Македонија ќе останат без ова природно богатство е застрашувачка и неприфатлива како за македонската јавност, така и за меѓународната заедница, но изгледа не и за носителите на одлуки кои сè уште веруваат дека со природата може да се пазари“, пишува во соопштението на Охрид SOS.

Би можело да ве интересира

Утринава најстудено беше во Берово, а најтопло во Охрид

Пецаков најавува старт на реконструкцијата на Холандскиот парк во Охрид

(ВИДЕО) Тренчевска: Создаваме чиста општина и ја менуваме еколошката слика на Куманово

Горан Наумовски

Филипче: Со чесна и посветена работа Асен Шајн ќе го врати сјајот на Охрид

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски