Безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај пред Комисијата за транспорт

Од:

Комисијата за транспорт, врски и екологија денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е Информација за безбедноста во патниот и железничкиот сообраќај, поднесена од пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска вчера изјави дека на седницата на Комисијата ќе бидат повикани претставници од Министерството за транспорт и врски, директорите на ЈП Државни патишта и Македонски железници, како и од Секторот за безбедност на патиштата.

Во Собранието денеска, во рамките на TAIEX програмата, ќе се одржи Оценска мисија за слободата на изразување со претставници од Комисијата за прашања на изборите и именувањата и Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска