Без вода Росоман и дел од Кавадарци, голем дефект на водоводната мрежа

Од:

Поради голем дефект на главната водоводна линија од вчера попладне околу 17 часот без вода за пиење се жителите на Росоман и дел од Кавадарци.

– Се работи за дефект на главната водоводна линија фи 350. Без вода за пиење се Росоман и индустрискиот дел на Кавадарци, како и кавадаречките улици „14 Мај”, „Деветта бригада”, „Моша Пијаде” и „Едвард Кардељ”, информира Марјан Крстевски, техничар во оперативата на организациската единица за водовод и канализација, при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци.

Крстевски нагласува дека екипи на комуналното претпријатие интензивно работат на терен за отстранување на дефектот, но не можеше со точност да каже кога се очекува да биде нормализирано водоснабдувањето.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак