Без вода утре од 9 до 13 часот ќе останат корисниците од село Свиларе. Прекинот е поради електро-машинска реконструкција на Хидрофор-Свиларе.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје по известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација, без водоснабдување од 10 до 15 часот поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа на улицата 9-ти-Мај број 38 ќе останат корисници од улицата 9-ти-Мај, „Борка Талевски“, „Васил Стефановски“, дел од „Митрополит Теодосие Гологанов“, Костурски Херои и „Роза Луксембург“. Утре од 9 до 15:30 часот без вода ќе останат и корисниците од улицата Народен Фронт зграда бр. 29 поради отстранување дефект на затворач на водоводна цевка на истата улица.