Без струја утре и задутре дел од жителите на Центар, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Ѓорче Петров

Од:

ЕВН информира дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре и задутре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците во општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Бутел и Ѓорче Петров.

Утре, од 09:00 до 13:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. „Тетовска“ бр. 38, општина Центар. Во истата општина, од 09:00 до 15:00 часот, утре без струја ќе бидат и корисниците на ул. „Пролет“ 8 и ул. Мирче Ацев згради со бр. 1, 3, 5 и 7. Од 11:00 до 13:30 часот, без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците на улицата „Тодор Чангов“, поточно крак бр. 20, во општина Аеродром.

В четврток, од 08:00 до 09:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Гоце Стојчевски зграда бр. 5 и Ул. Лазо Москов зграда бр. 2, општина Бутел. Во истата општина, од 08:00 до 15:00 часот, без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците одд бул. Босна и Херцеговина во близина на Железничка Станица Север. Од 08:30 до 11:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од ул. Румена Хаџипанзова, општина Кисела Вода.

Од 09:00 до 14:00 часот, електрична енергија ќе немаат корисниците од дел од с. Волково, (во близина на спортското игралиште), општина Ѓорче Петров.

В четврток, од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од ул. Иван Козаров од бр.2 до 22 и од бр.33 до 51, во општина Кисела Вода. Во истата општина, од 12:00 до 14:00 часот, ќе бидат и корисниците од ул. Михаил Чаков бр. 3

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 21 август 2026 изнесува 174,06 евра за мегават час, на МЕМО 140,58 евра за мегават час

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош